| четврток, 6 декември 2018 |

Милановиќ: Хрватска идниот месец ќе аплицира за шенген

милановик

За Хрватска многу е важно прашањето за влез во Шенген зоната и поради тоа на почетокот од јули ќе аплицира за полноправно членство, изјави хрватскиот премиер Зоран Милановиќ по средбата со естонскиот премиер Тави Роивас, јавува Хина.

Милановиќ оцени дека билатералните односи меѓу двете земји се одлични и покрај географската оддалеченост.

– Нашите билатерални односи се многу позитивни, а постои голем потенцијал во многу сектори, како што е туризмот- посочи Роивас, изразувајќи задоволство од директната авиолинија меѓу Талин и Загреб, која им овозможи на Естонците да ја запознаат Хрватска.

Тој истакна и дека ако Европа го либерализира дигиталниот пазар, земјите ќе можат да разменуваат услуги без оглед на границите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top