Голем број демонстранти се уапсени ноќеска, бидејќи не го почитувале полицискиот час кој е воведен во Балтимор.
– Полицијата ги апсеше демонстрантите кои одбија да заминат откако стапи во сила полицискиот час, соопшти Управата на полицијата на Балтимор на својот Твитер налог.
Во Балтимор е воведен полициски час од 22 часот по немирите, грабежите и насилствата до кои дојде откако млад Африамериканец почина додека бил во притвор.
Илјадници демонстранти излегоа вчера на улиците на Балтимор и покрај обвиненијата против шест полицајци за убиство од втор степен, убиство од небрежност и злоупотреба на службена должност.
Државниот обвинител на Мериленд Марилин Мосби изјави дека немало оправдување за апсење на Афроамериканецот Фреди Греј (25) бидејќи ножот кој го носел во џепот бил легален, а неговата смрт во полицискиот притвор го крена незадоволството кое тлее во САД поради „тактиките на спроведување на законот“, посебно во односот на американската полиција кон Афроамериканците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.