| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија не воведува смртна казна

viktor orbanУнгарскиот премиер Виктор Орбан не планира воведување смртна казна, соопшти неговиот Кабинет. Изјавата е дадена по острите критики од Европската унија бидејќи премиерот повика на дебата за повторно воведување на најтешката казна. Орбан го информирал во телефонски разговор претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц дека Владата ќе расправа за тоа прашање, но премиерот „не планира да ја воведе смртната казна“ и дека Унгарија „ќе се држи до законите на ЕУ“.

Претседателот на ЕК и лидерот на социјалистите во ЕП денеска го критикуваа остро унгарскиот премиер поради најавата за воведување на смртната казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top