Унгарскиот премиер Виктор Орбан не планира воведување смртна казна, соопшти неговиот Кабинет. Изјавата е дадена по острите критики од Европската унија бидејќи премиерот повика на дебата за повторно воведување на најтешката казна. Орбан го информирал во телефонски разговор претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц дека Владата ќе расправа за тоа прашање, но премиерот „не планира да ја воведе смртната казна“ и дека Унгарија „ќе се држи до законите на ЕУ“.
Претседателот на ЕК и лидерот на социјалистите во ЕП денеска го критикуваа остро унгарскиот премиер поради најавата за воведување на смртната казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ
-
Николоски со честитка до Орбан: Унгарија е на вистински пат, а Македонија има голем пријател