| четврток, 6 декември 2018 |

Современи холандски документарни филмови во Кинотека

Новата недела на современиот  холандски документарен филм ги носи најсвежите документарни филмски стории на Хеди Хонигман,  Хела де Јонге, Морган Книбе и Петер Латастер и Петра Латастер Сиш. 

Om de wereld in 50 concerten

-Ако ме запрашате зошто ги селектирав токму овие четири филма  на токму овие филмски автори  би рекла дека тоа се филмови чии режисерски концепти ме привлекоа со темите, начинот на портретирање, експериментот во визуелното и врвниот продукциски професионален ангажман. Но, ме освоија и со социјалниот и хуманистички пристап на ликовите, на протагонистите, вели селекторот Гена Теодосиевска.

Those who feel the fire burning

-Ставени во одредени позиции тие избираат да бидат мостот на нашите различни времиња, на нашите различни јазици, култури, начини на поимање. Тие се нашата совест и  нашата експресија. Тие ни го активираат прагот на нашата толеранција, нѐ разбудуваат, н ѐ поттикнуваат да ги погледнеме и чуеме јасно. Тие се обидуваат да  бидат видливи,  гласни, силни, храбри. Тоа ги прави документарците од Холандија познати не само во својата земја, туку и вон нејзините граници. Токму тоа: поетското и одважното во нивните смели визии и возвишени слики, независното и емотивното, субјективното и суровото, сето она што е дел од една универзална човечка приказна. Големите наративи се сѐ уште присутни, наше е да ги обликуваме. Документарниот филм го прави токму тоа: обликува мислење, формира ставови, но остава и емотивни белези. Без тие белези, сѐ е напразн, завршува Теодосиевска.

                                             

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top