| четврток, 6 декември 2018 |

Донирајте алишта за Дневниот центар за деца во Шуто Оризари

500humanitarnaunnamed

Од денеска, во основото училиште „Ѓорѓија Пулевски“ почнува хуманитарна акција за донирање алишта по повод Европскиот ден за меѓугенерациска солидарност.

Хуманитарната акција, која се организира во соработка со Здружението за меѓугенерациска солидарност „Доблест“, ќе трае до 9.5.2015 година, а донацијата ќе биде наменета за Дневниот центар за деца во Шуто Оризари, кој го посетуваат деца на возраст од 3 до 17 години.

Заинтересираните хумани граѓани кои сакаат да се вклучат во хуманитарната акција можат да донираат облека од 12:00 до 17:00 часот во просториите на Здружението „Доблест“, кои се наоѓаат спроти хотел „Порта“ во Општина Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top