Од денеска, во основото училиште „Ѓорѓија Пулевски“ почнува хуманитарна акција за донирање алишта по повод Европскиот ден за меѓугенерациска солидарност.
Хуманитарната акција, која се организира во соработка со Здружението за меѓугенерациска солидарност „Доблест“, ќе трае до 9.5.2015 година, а донацијата ќе биде наменета за Дневниот центар за деца во Шуто Оризари, кој го посетуваат деца на возраст од 3 до 17 години.
Заинтересираните хумани граѓани кои сакаат да се вклучат во хуманитарната акција можат да донираат облека од 12:00 до 17:00 часот во просториите на Здружението „Доблест“, кои се наоѓаат спроти хотел „Порта“ во Општина Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Сорос јуниор на гости кај Курто Дудуш во Шутка