| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел ја препеа песната по која е крстен (ВИДЕО)

Daniel Kajmakovski mtv 4 (Custom)

Годинешниот претставник на Македонија, Даниел Кајмакоски е поврзан со Евровизискиот фестивал уште од денот кога е роден.

Гледањето пренос од „Евросонг“ било традиција во неговото семејство, а неговата мајка посебно го сакала фестивалот. Така, по нејзина желба вториот син го добил името по Даниел Поповиќ, кој ја претставуваше Југославија во 1983 година и го освои четвртото место  со песната „Џули“, која стана огромен хит.

Таа посакувала Даниел да стане пејач и му била најголема поддршка во градењето музичка кариера, како и целото семејство, кое отсекогаш цврсто верувало во неговиот успех.

Раскажувајќи често за овие моменти, Даниел доби идеја да ја сними „Џули“ во знак на  благодарност до неговата мајка и семејството,  и како изненадување за сите евровизиски фанови!

Видеото беше снимано со поддршка на МРТВ и продукцијата „Сторителер“ (Storyteller).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top