Годинешниот претставник на Македонија, Даниел Кајмакоски е поврзан со Евровизискиот фестивал уште од денот кога е роден.
Гледањето пренос од „Евросонг“ било традиција во неговото семејство, а неговата мајка посебно го сакала фестивалот. Така, по нејзина желба вториот син го добил името по Даниел Поповиќ, кој ја претставуваше Југославија во 1983 година и го освои четвртото место со песната „Џули“, која стана огромен хит.
Таа посакувала Даниел да стане пејач и му била најголема поддршка во градењето музичка кариера, како и целото семејство, кое отсекогаш цврсто верувало во неговиот успех.
Раскажувајќи често за овие моменти, Даниел доби идеја да ја сними „Џули“ во знак на благодарност до неговата мајка и семејството, и како изненадување за сите евровизиски фанови!
Видеото беше снимано со поддршка на МРТВ и продукцијата „Сторителер“ (Storyteller).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)