Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје организира промоција на книгата „Насликано време“ од Стојан Тарапуза, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за 2014 година на ДПМ. За најновата поетска книга за деца на Тарапуза ќе зборува проф.д-р Кристина Николовска а стихови ќе интрепретира актерот Томе Витанов. Промоцијата ќе се одржи на 29 април (среда) 2015 година, во спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, со почеток во 19 часот.
Стојан Тарпуза е роден е во 1933 година во Злетово. Пишува поезија и проза за деца и поезија за возрасни. Автор е на многу дела од македонската литература за деца. Негови попознати книги се: „Дамбара, дунбара“, „Деновирки“, „Седум брода“,„Ѕуница пауница“,„Златици крилатици“,„Зборови по дворови“,„Шарки жарки“ и други. Добитник е на повеќе награди и признанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.