По неуспешниот референдум во скопската општина Центар продолжуваат несогласувањата во редовите на опозицијата. Битката во текот на минатите два дена се водеше на социјалните мрежи, каде жестоки зборови си разменија првиот човек на агенцијата „Рејтинг“ Ѓорѓи Спасов и уредникот на „Слободен печат“ и „ПлусИнфо“, Бранко Героски. Нивната жестока кавга продолжи и денес, во живо во емисијата „Анализа“ на „24 Вести“.
Тие ги повторија своите ставови- Спасов вели дека референдумот е успех, а Героски дека истиот е фатална грешка.
Продолжија со жестоките препирки. Спасов постојано му се мешаше во збор на Героски, кој еднаш дури предупреди дека ќе се повлече ако му се упаѓа во зборувањето. Првиот човек на „Рејтинг“ истакна дека не може да се лаже народот со она што Героски го предлага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.