– Никогаш Франција нема да дозволи било каква измена на договорите со кои ќе биде ставен во прашање на статутот на европска престолнина на Стразбур– изјави претседателот Франсоа Оланд.
Оваа изјава нема да биде по вкус на „незадоволните“ европратеници кои со години се залагаат за преселување на седиштето на Европскиот парламент во Брисел.
Како што јавува дописникот на МИА од Стразбур, на ова барање на дел од европратениците, се спротиставува ветото на Франција, бидејќи една ваква одлука за промена на седиштето на Европскиот парламент, потребно е да биде донесена едногласно од сите влади на земјите членки на Европската Унија.
При последната посета на Стразбур, Франсоа Оланд го потпиша новиот план Држава-Регион Алзас за 2015-2020 и новиот тригодишен договор за „Стразбур европска престолнина“, еден вид државна помош која служи за финансирање на проекти за да се зацврсти европскиот статус на Стразбур.
Од вкупно околу една милијарда евра, за двата договори, скоро половината се инвестиции за Стразбур, „бидејќи е во интерес на Франција да стави повеќе средства. Овие инвестиции се однесуваат на транспортот, енергетската транзиција, високото образование, науката и новаторствто, дигиталната технологија и културата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лазарова Трајковска со порака до судовите во Македонија: Одлуките на судиите да се засноваат врз европското право
-
ПССЕ од Стразбур препорача:Реформите да бидат прифатени со консензус
-
Оланд: Неизбежно е Британија да плати цена за Брегзит
-
Изненадување во Франција – Франсоа Оланд: Нема да се кандидирам за втор мандат