Францускиот претседател Франсоа Оланд нема да се кандидира за втор мандат на изборите во пролетта 2017 година.
„Решив да не се кандидирам“, објави Оланд во телевизиското обраќање до нацијата, пишуваат агенциите.
Неговата одлука да не се кандидира повторно за претстојните претседателски избори го остава прашањето кој ќе биде кандидатот на левицата во земјата целосно отворено.
Во неделата после анкетата поранешниот премиер Франсоа Фијон стана кандидатот на десноцентристичката партија „Републиканците“ за претстојните во 2017 година претседателски избори во Франција. Во вториот круг тој го победи противникот со 67%, кој е поранешен премиер и актуелен градоначалник на Бордо Ален Жупе, кој доби 30 проценти од гласовите.
Поранешниот претседател Никола Саркози го поздрави Фијон за победата и ги повика „Републиканците“ да се обединат околу еден кандидат на партијата. Поддршка за Фијон вети и Жупе.
„Пристапот ми беше разбран: Франција не може да го поднесе својот пад. Таа сака вистина и активности“, рече Фијон. „Ќе преземам невообичаен предизвик за Франција: ќе ја кажам вистината и ќе го променам целосно нејзиниот софтвер“, истакна тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.