Еден од главните играчи на Манчестер Сити играчот за врска Јаја Туре ги договорил личните услови со клубот од Милано, Интер и од јуни се очекува да ја продолжи кариерата во сино-црниот дрес.
Италијанските медиуми пренесуваат дека репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска се договорил со управата на четиригодишен договор за кој треба да заработи 18 милиони евра. Интер за услугите на Туре, на Сити се очекува да му плати осум милиони евра.
Јаја Туре има договор со „граѓаните“ до 2017 година, а во клубот пристигна во 2010 година од Барселона за 26,5 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.