Најголемата партија на босанските Срби најави дека ќе бара референдум за независност на Република Српска во 2018 година.
Сојузот на независните социјалдемократи, чиј лидер е претседателот на Република Српска, Милорад Додик усвои резолуција, со која заканата за независност се претвори во официјална политика на партијата.
Националистот Додик ги обвини државните органи на Босна и Херцеговина дека се обидуваат да ги узурпираат автономните права на РС, гарантирани со Дејтонскиот мировен договор.
– РС не може да прифати натамошно ограничување на нејзините надлежности од страна на државата под маската на реформите, рече Додик по состанокот на партијата.
Согласно резолуциајта, доколку РС не си ги поврати надлежностите, кои и се гарантирани со Уставот до крајот на 2017 година, нејзиниот Парламентот, во кој партијата на Додик има мнозинство ќе распише референдум за отцепување од Муслиманско-хрватската федерација, другата автономска административна единица на БиХ.
– Согласно резултатите од референдумот властите на РС ќе и предложат на Федерацијата мирно разделување и взаемно признавање – истакна Додик.
Канцеларијата на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ издаде соопштение во кое потенцираше дека според Дејтонскиот договор од 1995 година, двете административни единици на БиХ немаат право на отцепување од заедничката држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.