| четврток, 6 декември 2018 |

„Дневникот на полицајката“ нов роман од Веле Смилевски

policajka-vele-smilevski

„Дневникот на полицајката“ е новиот роман од Веле Смилевски, што излезе во издание на „Дијалог“.

„Дневникот на полицајката“ е криминалистичко-психолошко-еротски роман во кој се обработува феноменот на конфликтните ситуации, кога прогонувачите и прогонуваните доживуваат иста судбина: заеднички седнуваат на обвинителна клупа. Дејството на романот се одвива преку дневнички записи, реминисценции и сеќавање од моментот кога полицајката ја внесуваат во судницата, до започнувањето на судскиот процес.

Книгата е втор дел од трилогијата „Полицајка в кревет“, а ќе биде промовирана на претстојниот саем на книгата во Скопје. Првиот дел излезе од печат во 2012 година.

Смилевски е автор на триесетина дела од областа на поезијата, прозата, критиката, есеистиката, книжевната наука и журналистиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top