Екстремно високо ниво на радијација е откриено на игралиште во Токио поради што е затворен еден забавен парк, соопштија локалните власти.
Земјата под тобоганот во паркот во северозападниот дел на јапонскиот главен град е радиоактивна, а нивото на радијација достигнува 480 микросиверти на час.
Властите за ваквата појава биле запознаени по пријава од жителите. Тие сметаат дека загадувањето на земјиштето во паркот не е поврзано со несреќата во нуклеарната центарала Фукушима.
– Радиоактивноста е детектирана само во ограничена област и затоа постои сомнеж дека е закопан некаков радиоактивен материјал – изјави градоначалникот на Токио, Јукио Такано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.