Францускиот институт во Скопје и галеријата „Остен“ во Скопје в сабота во 13.30 часот во галеријата „Остен“ ќе ја отворат изложбата на тема: „Стогодишнина од Првата светска војна – Фронтот во Република Македонија“. Изложбата ќе ја отвори Лоран Бове, претседател на регионот Долна Нормандија, во присуство на Лоранс Оер, Амбасадорка на Франција во Македонија. Изложба на француски и на македонски јазик. Проектот е поддржан од страна на регионот Долна Нормандија и е во рамките на одбележувањето на „Стогодишнината од Првата светска војна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


