Екипата на Севилја ја продолжува битката за одбрана на титулата во Лига Европа по ремито во Санкт Петербург против Зенит. Рускиот тим успеа да ја анулира предноста на Андалузијците од првиот меч и со пресврт стаса до 2-1, колку што беше и во Севилја, но Кевин Гамеиро со гол во финишот, го одведе шпанскиот состав во полуфиналето.
Денеска е ждрепката за полуфиналните парови, а можни противници на ланскиот шампион Севилја се Наполи, Фиорентина и Днипро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.