| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Катерина Ставриќ: Верувајте му на докторот што не препишува антибиотик

До­кто­рот што не пре­пи­шу­ва ан­ти­би­о­тик е до­бар до­ктор! Ве­ру­вај­те му! Не ба­рај­те ан­ти­би­о­тик! Тој нај­со­вес­но и нај­про­фе­си­о­нал­но по­ста­пу­ва. Че­сто и па­ци­ен­ти­те ако еден до­ктор не им пре­пи­ше ан­ти­би­о­тик, одат кај друг кој ќе го сто­ри тоа. Пос­лед­ни­те го­ди­ни не­ка­ко се на­ру­ши до­вер­ба­та ме­ѓу ле­ка­ри­те и па­ци­ен­ти­те, ко­ја тре­ба да ја вра­ти­ме, сме­та д-р Ста­вриќ

На 1 мај ќе би­дат пре­зен­ти­ра­ни ре­зул­та­ти­те од истра­жу­ва­ње­то спро­ве­де­но ла­ни во но­ем­ври од Здру­же­ни­е­то на спе­ци­ја­ли­сти по се­меј­на ме­ди­ци­на – рес­пи­ра­тор­на гру­па и од Цен­та­рот за се­меј­на ме­ди­ци­на при Ме­ди­цин­ски­от фа­кул­тет во Скоп­је.

Истра­жу­ва­ње­то тре­ба да ги по­ка­же пра­кти­ки­те за про­пи­шу­ва­ње ан­ти­би­о­ти­ци за рес­пи­ра­тор­ни ин­фек­ции на из­бра­ни­те ле­ка­ри. Ре­зул­та­ти­те од истра­жу­ва­ње­то, за­ед­но со Стра­те­ги­ја за при­стап кон проб­ле­мот, ќе би­дат из­не­се­ни на пр­ви­от сим­по­зи­ум на те­ма „Ан­ти­би­о­ти­ци­те во при­мар­на за­шти­та – пре­диз­ви­ци за по­до­бру­ва­ње”, кој ќе се одр­жи во мај. За тоа кол­ку и да­ли гра­ѓа­ни­те на Ма­ке­до­ни­ја по­греш­но ко­ри­стат ан­ти­би­о­ти­ци раз­го­ва­ра­ме со до­цент до­ктор Ка­те­ри­на Ста­вриќ од Цен­та­рот за се­меј­на ме­ди­ци­на при Ме­ди­цин­ски­от фа­кул­тет во Скоп­је.

 

Од ка­де по­тре­ба­та за истра­жу­ва­ње на про­пи­шу­ва­ње­то ан­ти­би­о­ти­ци за рес­пи­ра­тор­ни ин­фек­ции на из­бра­ни­те ле­ка­ри, во кои ре­ги­о­ни бе­ше спро­ве­де­но истра­жу­ва­ње­то и кол­ку ле­ка­ри беа вклу­че­ни?

СТАВ­РИЌ: Си­те сме свес­ни де­ка се пре­пи­шу­ва­ат мно­гу ан­ти­би­о­ти­ци. И до­кто­ри­те, и па­ци­ен­ти­те, и здрав­стве­ни­те ра­бот­ни­ци се свес­ни за тој проб­лем. Тоа не е проб­лем са­мо во Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку и во дру­ги­те зем­ји. Та­ква сту­ди­ја е на­пра­ве­на во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век на мал при­ме­рок и то­гаш би­ле из­бра­ни де­се­ти­на ле­ка­ри. От­то­гаш не­ма но­во истра­жу­ва­ње. Иде­ја­та за та­ква сту­ди­ја про­из­ле­зе по фор­ми­ра­ње­то на Цен­та­рот за се­меј­на ме­ди­ци­на и Ка­те­дра­та по се­меј­на ме­ди­ци­на при Ме­ди­цин­ски­от фа­кул­тет во Скоп­је. Се вос­по­ста­ви со­ра­бо­тка со Ка­те­дра­та по се­меј­на ме­ди­ци­на на Ме­ди­цин­ски­от фа­кул­тет во За­греб. Ка­ко ре­зул­тат на таа со­ра­бо­тка, имав­ме го­стин­ка, до­цент до­ктор Ма­ри­ја Бо­та Вр­ти­ца, ко­ја­што ги пре­зен­ти­ра­ше ре­зул­та­ти­те од нив­на­та сту­ди­ја на­пра­ве­на во 2007-2008 го­ди­на. Истра­жу­ва­ње­то про­из­ле­зе и ка­ко ре­зул­тат и ка­ко по­тре­ба Ка­те­дра­та по се­меј­на ме­ди­ци­на да се из­гра­ду­ва во ака­дем­ска ин­сти­ту­ци­ја и да поч­не да се за­ни­ма­ва со на­уч­ни про­е­кти. Во 2014 го­ди­на е фор­ми­ра­но Здру­же­ни­е­то на спе­ци­ја­ли­сти по се­меј­на ме­ди­ци­на – рес­пи­ра­тор­на гру­па, со по­се­бен ин­те­рес за рес­пи­ра­тор­ни за­бо­лу­ва­ња би­деј­ќи ста­ну­ва­ат сѐ по­а­кту­ел­ни и ка­ко ре­зул­тат на со­ра­бо­тка­та со Ме­ѓу­на­род­на­та рес­пи­ра­тор­на гру­па за при­мар­на здрав­стве­на за­шти­та овој про­ект ста­на ре­ал­ност. Истра­жу­ва­ње­то се спро­ве­де во но­ем­ври 2014 го­ди­на и учес­тву­ваа 107 из­бра­ни ле­ка­ри од це­ла Ма­ке­до­ни­ја. Ние сме им мно­гу бла­го­дар­ни би­деј­ќи без нив­ни­от ен­ту­зи­ја­зам и жел­ба не­ма­ше да се ре­а­ли­зи­ра про­е­ктот. По­ве­ќе од шест ил­ја­ди па­ци­ен­ти што има­ле по­тре­ба за кон­сул­та­ци­ја со симп­то­ми на акут­на рес­пи­ра­тор­на ин­фек­ци­ја се вклу­че­ни во овие пра­шал­ни­ци.

 

dr stavric 3 (Custom)

Цел­та на овој про­ект е да ги ви­ди­ме ре­ал­ни­те проб­ле­ми, спе­ци­фич­ни
за Ма­ке­до­ни­ја и еду­ка­ци­ја­та да ја на­со­чи­ме кон тие проб­ле­ми

 

Врз ос­но­ва на ова истра­жу­ва­ње ќе про­из­ле­зат на­со­ки за по­тре­би­те од еду­ка­ци­ја, ка­ко на до­кто­ри­те та­ка и на на­се­ле­ни­е­то. Кол­ку е по­треб­на еду­ка­ци­ја?

СТАВ­РИЌ: По­сто­ја­но е по­треб­на еду­ка­ци­ја. Дел од про­фе­си­о­нал­ни­от раз­вој на ле­ка­ри­те е кон­ти­ну­и­ра­на­та еду­ка­ци­ја. Цел­та на овој про­ект е да ги ви­ди­ме ре­ал­ни­те проб­ле­ми, спе­ци­фич­ни за Ма­ке­до­ни­ја и еду­ка­ци­ја­та да ја на­со­чи­ме кон тие проб­ле­ми. Ме­ѓу­тоа, не е по­треб­но да ги еду­ци­ра­ме са­мо до­кто­ри­те. По­треб­но е да се по­диг­не и здрав­стве­на­та еду­ка­ци­ја на на­се­ле­ни­е­то. Пр­вич­ни­те ре­зул­та­ти од истра­жу­ва­ње­то по­ка­жу­ва­ат де­ка нај­че­сто од одре­де­ни симп­то­ми, кои не се ни бо­ле­сти, а тоа е бол­ка­та во гр­ло, каш­ли­ца­та, на­стин­ка­та, па­ци­ен­ти­те има­ат страв и ба­ра­ат ан­ти­би­о­тик штом ќе по­се­тат ле­кар. До­кто­ри­те што се пре­оп­то­ва­ре­ни со се­којд­нев­ни­те об­вр­ски и со го­лем број па­ци­ен­ти мно­гу по­лес­но се од­лу­чу­ва­ат да пре­пи­шат ан­ти­би­о­тик. И тоа е тој за­тво­рен круг.

 

Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је на Ма­ке­до­ни­ја ми­на­та­та го­ди­на спро­ве­де истра­жу­ва­ње кај на­се­ле­ни­е­то спо­ред кое 74 про­цен­ти од па­ци­ен­ти­те зе­ма­ат ан­ти­би­о­ти­ци по ле­кар­ска пре­по­ра­ка. На пра­ша­ње­то кол­ку зна­ат за ан­ти­би­о­ти­ци­те, 38 про­цен­ти да­ле то­чен од­го­вор, ду­ри 43 от­сто да­ле по­гре­шен од­го­вор де­ка ан­ти­би­о­ти­ци­те се ефе­кти­вен лек за ви­рус­ни ин­фек­ции, а 25 про­цен­ти не да­ле ни­ка­ков од­го­вор. Во пос­лед­на­та го­ди­на е за­бе­ле­жан по­раст на по­тро­шу­вач­ка­та на ан­ти­би­о­ти­ци од 10 про­цен­ти спо­ред бро­јот на про­пи­ша­ни ре­цеп­ти. На што се дол­жи се­то тоа и ка­ко Вие би ги ко­мен­ти­ра­ле тие број­ки?

СТАВ­РИЌ: Овие број­ки се сов­па­ѓа­ат со на­ше­то истра­жу­ва­ње. По­ло­ви­на од пре­пи­ша­ни­те ан­ти­би­о­ти­ци се за ви­рус­ни ин­фек­ции. И па­ци­ен­ти­те сме­та­ат де­ка ан­ти­би­о­ти­ци­те ги ле­ку­ва­ат ви­ру­си­те. Ста­во­ви се ме­ну­ва­ат мно­гу те­шко. Ако са­ка­ме да по­стиг­не­ме ус­пех, тре­ба да дејс­тву­ва­ме на си­те ни­воа во исто вре­ме. Тоа зна­чи на ни­во на до­кто­ри, на па­ци­ен­ти, на здрав­стве­ни си­сте­ми, ако на­ви­сти­на са­ка­ме да по­стиг­не­ме ефект.

 

dr stavric 5 (Custom)

И прет­ход­на­та сту­ди­ја на Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је ука­жу­ва на тоа
де­ка ре­чи­си по­ло­ви­на од на­се­ле­ни­е­то сме­та оти ан­ти­би­о­ти­ци­те ги ле­ку­ва­ат
ви­рус­ни­те ин­фек­ции

 

Мо­же ли да се на­пра­ви спо­ред­ба ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и оста­на­ти­те бал­кан­ски и за­пад­но­е­вроп­ски зем­ји, кол­ка­ва е свес­но­ста за пре­пи­шу­ва­ње и за ко­ри­сте­ње ан­ти­би­о­ти­ци од стра­на на гра­ѓа­ни­те?

СТАВ­РИЌ: Од се­вер кон југ рас­те про­цен­тот на ко­ри­сте­ње ан­ти­би­о­ти­ци. За жал, про­цен­тот е ви­сок. И прет­ход­на­та сту­ди­ја на Ин­сти­ту­тот за јав­но здрав­је ука­жу­ва на тоа де­ка ре­чи­си по­ло­ви­на од на­се­ле­ни­е­то сме­та оти ан­ти­би­о­ти­ци­те ги ле­ку­ва­ат ви­рус­ни­те ин­фек­ции. И сту­ди­ја­та по­ка­жу­ва де­ка на па­ци­ен­ти­те им се пре­пи­шу­ва­ат 80-90 про­цен­ти ан­ти­би­о­ти­ци. Во сту­ди­ја­та ги из­брав­ме рес­пи­ра­тор­ни­те ин­фек­ции би­деј­ќи две тре­ти­ни од тие ин­фек­ции се ви­рус­ни и не тре­ба да се ле­ку­ва­ат со ан­ти­би­о­ти­ци. Ту­ка се гле­да не­со­од­вет­но­то пре­пи­шу­ва­ње на ан­ти­би­о­ти­ци­те. Из­бра­на е при­мар­на­та здрав­стве­на за­шти­та би­деј­ќи тоа е ни­во­то ка­де што најм­но­гу, 80-90 от­сто, се пре­пи­шу­ва­ат ан­ти­би­о­ти­ци на при­мар­но ни­во во си­те зем­ји. Со истра­жу­ва­ње­то са­кав­ме да го ви­ди­ме ја­зот што по­стои и ка­де мо­же да дејс­тву­ва­ме.

 

Ко­ја е Ва­ша­та пре­по­ра­ка, ка­ко и на кој на­чин мо­же да се дејс­тву­ва за да се ко­ри­стат ан­ти­би­о­ти­ци­те пра­вил­но. Што тре­ба да сто­ри ле­ка­рот, а што па­ци­ен­тот? Да­ли се пра­ват хе­мо­кул­ту­ри од стра­на на до­кто­ри­те, кол­ку гра­ѓа­ни­те се за­поз­на­е­ни со тоа, што тре­ба да зна­ат за ан­ти­би­о­гра­мот и кол­ку е ва­жен тој во це­ла­та по­стап­ка?

СТАВ­РИЌ: До­кто­ри­те по­ста­ву­ва­ат ди­јаг­но­за врз ос­но­ва на прег­ле­дот на па­ци­ен­тот. Во на­ши ус­ло­ви, ре­ла­тив­но ре­тко се ко­ри­стат до­пол­ни­тел­ни ди­јаг­но­стич­ки те­сто­ви за­тоа што, освен крв­на сли­ка и ми­кро­би­о­ло­шки ис­пи­ту­ва­ња, дру­ги­те ис­пи­ту­ва­ња не ги по­кри­ва Фон­дот за здрав­ство. Ре­зул­та­ти­те од ми­кро­би­о­ло­шки­те ис­пи­ту­ва­ња се че­ка­ат два-три де­на, та­ка што тоа не им по­ма­га мно­гу на ле­ка­ри­те во до­не­су­ва­ње­то на од­лу­ки­те да­ли ста­ну­ва збор за ви­рус­но или за ба­кте­ри­ско за­бо­лу­ва­ње. По­сто­јат дру­ги те­сто­ви и се на­мет­ну­ва по­тре­ба­та тие да би­дат на то­вар на Фон­дот за здрав­стве­но оси­гу­ру­ва­ње. Тие се бр­зи и мо­же да му по­мог­нат на до­кто­рот во ди­јаг­но­за­та. Што би им пре­по­ра­ча­ла на па­ци­ен­ти­те? До­кто­рот што не пре­пи­шу­ва ан­ти­би­о­тик е до­бар до­ктор! Ве­ру­вај­те му! Не ба­рај­те ан­ти­би­о­тик! Тој нај­со­вес­но и нај­про­фе­си­о­нал­но по­ста­пу­ва. Че­сто и па­ци­ен­ти­те ако еден до­ктор не им пре­пи­ше ан­ти­би­о­тик, одат кај друг кој ќе го сто­ри тоа. Пос­лед­ни­те го­ди­ни не­ка­ко се на­ру­ши до­вер­ба­та ме­ѓу ле­ка­ри­те и па­ци­ен­ти­те, па тре­ба да ја вра­ти­ме. Но, мо­ра да се вра­ти до­вер­ба­та и ме­ѓу до­кто­ри­те и дру­ги­те спе­ци­ја­ли­сти. За­тоа што ако не се да­де ан­ти­би­о­тик, а се слу­чи комп­ли­ка­ци­ја, тоа не е гре­шка на до­кто­рот. Пре­вен­тив­но­то да­ва­ње ан­ти­би­о­тик не зна­чи де­ка ќе пре­ве­ни­ра по­ја­ва на комп­ли­ка­ции. Комп­ли­ка­ци­ја­та ќе се слу­чи и со ан­ти­би­о­тик и без не­го. По­го­ле­ми се не­са­ка­ни­те ефе­кти од зло­у­по­тре­ба­та на ан­ти­би­о­ти­ци­те.

 

Во мај ќе се одр­жи пр­ви­от сим­по­зи­ум на те­ма „Ан­ти­би­о­ти­ци­те во при­мар­на за­шти­та – пре­диз­ви­ци за по­до­бру­ва­ње”. Ка­ква е аген­да­та за сим­по­зи­у­мот и кој ќе учес­тву­ва?

СТАВ­РИЌ: На сим­по­зи­у­мот ќе ги пре­зен­ти­ра­ме пр­вич­ни­те ис­пи­ту­ва­ња што ги до­бив­ме од оваа сту­ди­ја. По­ка­не­ти се да учес­тву­ва­ат си­те ре­ле­вант­ни ин­сти­ту­ции кои се вклу­че­ни во овој проб­лем – Ми­ни­стерс­тво­то за здрав­ство, Аген­ци­ја­та за ле­ко­ви, ФЗО, да из­ле­зат со свои по­да­то­ци, да го сог­ле­да­ме проб­ле­мот од си­те ас­пе­кти. Има­ме го­сти, по­ка­не­ти пре­да­ва­чи од странс­тво, од Ме­ѓу­на­род­на­та рес­пи­ра­тор­на гру­па за при­мар­на здрав­стве­на за­шти­та, кои има­ат искус­тво на ова по­ле. Тие ќе пре­зен­ти­ра­ат ка­ква е со­стој­ба­та во европ­ски­те зем­ји и ќе ги пре­зен­ти­ра­ат нив­ни­те искус­тва.

 

dr stavric 6 (Custom)

На крај, си­те има­ме иста цел – са­ка­ме да обез­бе­ди­ме
ви­со­ко­ква­ли­тет­на гри­жа за здрав­је­то на па­ци­ен­ти­те

 

Ка­ков ис­ход оче­ку­ва­те од сим­по­зи­у­мот и кои зак­лу­чо­ци ќе се зе­мат пред­вид во ид­ни­на?

СТАВ­РИЌ: Оваа сту­ди­ја е дел од еден про­ект. Пр­ви­от дел е да на­пра­ви­ме ана­ли­за, да ви­ди­ме кои се кон­крет­ни­те, ре­ал­ни проб­ле­ми и врз ос­но­ва на тоа, по­втор­но во со­ра­бо­тка со ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, да пред­ло­жи­ме одре­де­ни ин­тер­вен­ции, ка­ко за до­кто­ри­те, та­ка и за па­ци­ен­ти­те и за здрав­стве­на­та по­ли­ти­ка. Тоа, пред сѐ, се од­не­су­ва на про­ме­на на одре­де­ни ди­јаг­но­стич­ки те­сто­ви. На крај, си­те има­ме иста цел – са­ка­ме да обез­бе­ди­ме ви­со­ко­ква­ли­тет­на гри­жа за здрав­је­то на па­ци­ен­ти­те.

 

Целото интервју може да го погледнете на овој линк.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Фо­то: Ѓор­ги Ли­чов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top