| четврток, 6 декември 2018 |

Само бод за Работнички во дуелот со Металург

rabotnicki

Денеска беа одиграни четири средби од 26.коло од Првата македоснка фудбалска лига. На арената Филип Втори во Скопје актуелниот шампион Работнички одигра нерешено со градскиот ривал од Автокоманда екипата на Металург (2-2).
Сите голови беа постигнати во првото полувреме, како и на сите средби на терените низ Македонија. Илијоски го доведе Работнички во водство од 1-0 уште во осмата минута, но Радески за само две минути го доведе Металург до првото измранување. Велковски повторно успешно стрелаше за „романтичарите“ во 36 минута, а стрелец на вториот гол за металурзите беше Александар Стојановски од пенал во 41 минута.
Во второто полувреме Работнички не искористи неколку шанси за победа и мораше на крајот од мечот да се задоволи со бод.

На останатите три средби, Силекс во Кратово ги зграпчи трите бода против Пелистер уште во третата минута со единствениот гол на Николче Ѓорѓиев.

На дуелот во Боговиње, Ренова и Хоризонт Турново одиграа 1-1. Танушев во 25.минута го отвори резултатот во корист на гостите, а десет минути подоцна Изаир Емини со удар од 16 метри успеа да израмни.

Натпреварот Тетекс – Брегалница што се играше на стадионот „Борис Трајовски“ во Скопје заврши без голови 0-0.

Последниот натпревар од ова коло, дербито меѓу Шкендија и Вардар ќе се одигра в петок на стадионот на Башкими во Куманово со почеток од 14 часот.

ПМФЛ 26.коло:

Работнички – Металург 2-2, Силекс – Пелистер 1-0, Ренова – Хоризонт Турново 1-1, Тетекс – Брегалница 0-0.

Табела: Вардар 58 (-1), Работнички 55, Ренова 43, Шкендија 41 (-1), Силекс 34, Металург 32, Х.Турново 30, Брегалница 27, Пелистер 22, Тетекс 10.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top