Играчот на Челзи и член на белгиската репрезентација Еден Хазард на мечот со Македонија ги послуша барањата на македонските навивачи кои имаа поставено банер на кој пишуваше „Хазард те молиме немој да не удираш“.
Банерот беше поставен од македонските фанови поради инцидентот за кој Хазард одлежа казна од 3 меча неиграње откако на куп натпревар со Свонси во обид да ја земе топката од младинците кои ги подаваат топките покрај корнер линијата удри со копачка по стомак еден 17 годишен младинец на домаќинот кој водеше против фаворитот од Лондон.
Денеска Хазард не удри никого но затоа го постигна вториот гол за Белгија од пенал. Можеби фалангата требаше да постави банер со барање Хазард да не дава гол.
Еве зошто Хазард паузираше на три меча.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.