Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван го објави скратениот список од 16 ракомери на кои ќе смета на подготовките за двомечот со Франција во рамките на квалификациите за Европското првенство во Полска 2016 година.
Најголемо изненадување е изоставувањето на името на Ренато Вугринец натурализираниот Македонец кој ги брани боите на Лахвија од Катар.
На списокот сепак има 17 ракометари, но секако поради повреда нема да може да настапи пикерот Никола Маркоски.
Нови имиња во сениорскиот тим се десното крило Никола Костевски и пикерот Жарко Пешевски, и двајцата од Металург. Повторно во селекцијата е Влатко Митков кој не беше во селекцијата на СП во Катар.
Голмани: Ристовски и Ангелов
Крила: Манасков, Ојлески, Георгиевски, Костески
Пикери: Стоилов и Пешевски
Бекови: Миркуловски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мојсовски, Прибак, Митков, Јоноски и Велко Маркоски.
Репрезентацијата првиот тренинг ќе ги има на 27 април, додека првиот натпревар се игра на 29 април во Скопје, а реваншот е на 3 мај во Тулуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.