Познатата 39-годишна актерка Шарлиз Терон се појави на насловната страница на магазинот „В“ и во интервјуто говори за тоа како одлуката да биде мајка во триесеттите години ѝ дала поинаква перспектива за годините и стареењето.
– Жените во нашето општество во оредени години почнуваат да се чувстуваат како овенато цвеќе. Дури сега сфаќам дека тоа не треба да биде така. Ова е мое охрабрување за 20-годишните девојки дека не треба да бидат уплашени за стареењето. Не треба да имате нервен слом и не пијте премногу. Стареењето не е лошо – вели Терон.
Таа денес е мајка на тригодишниот Џексон. Вели дека би сакала да се врати во минатото и тогаш себеси би си рекла малку да се опушти.
– Секогаш некаде брзав, имав чувство дека ќе ми снема време. Сега, кога сум постара, ништо не ми недостига. Кога наполнив 30 години, сфатив дека не треба да им угодувам на сите. Треба да се ужива во животот, тоа воопшто не е лоша работа – изјави Терон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Беше секс-бомба, a сега има 16 килограми повеќе: Зошто актерката драстично се здебели?
-
Хоби и се врските со поранешни партнери на колешките-Шарлиз Терон сега е со бившиот на Хали Бери
-
Шарлиз Терон претепана, во лоша состојба по операциите (ВИДЕО)
-
Потресна исповед на актерката: „Mајка ми го уби татко ми за да ме спаси”