| четврток, 6 декември 2018 |

Фабрика за отпад во Прилеп

Фабрика за селeкција на отпад до крајот на годината треба да никне на местото на депонијата во Прилеп.

Фабриката ќе се простира на површина од 1.200 квадратни метри и ќе чини околу 15 милиони денари, а ќе ја гради хрватската фирма  „Техникс“.

Линијата за селекција на отпадот треба да има капацитет од 150 тони преработен отпад дневно.

Во Прилеп дневно се собираат меѓу 90 и 100 тони дневно. За да се обезбеди целосно искористување на капацитетот, се планира и чистење на старата депонија.

Проектот предвидува и изградба на компостарница за биоразградлив отпад од што ќе се произведува арско ѓубре како и изградба на фабрика за рециклирање хартија и фабрика за рециклирање отпад од градежни материјали.otpad zelezo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top