На средината на првото полувреме, на теренот на арената „Филип Втори“ еден неодговорен навивач фрли пиротехнички средства или таканаречени „бакли“ (бенгалски огнови), кои беа веднаш изгаснати од противпожарната бригада.
Веднаш откако беа фрлени, лицето што го стори тоа беше фатено од обезбедувањето и од полицијата и беше однесено надвор од трибините, но на видеото што го објавува „Република“ екслузивно се гледа дека тој им бега на редарите и на полицајците, по што се губи под северната трибина.
Според досегашната практика, навивачот може да добие прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а Фудбалската федерација на Македонија висока парична казна од ФИФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.