Ќе ги загубите изборите, не живееме во еднопартиски систем и вербалниот деликт е одамна системски укинат, порача драматургот Братислав Димитров на денешната трибина на Граѓанското движење на одбрана на Македонија која се одржа во Крива Паланка.
– Упатуваме порака до светот дека ние сме питом народ. Древна цивлизација и народ кои домаќински гледа на настаните. Наша основна идеја е да се активира свеста дека нашите предци умееле да се изборат за себе и дека народот е силата која дава ветер во едрата на власта, а таква власт ја води нашата држава и истата е избрана на најдемократски начин – рече Димитров.
Првпат во историјата во театрите се зголемени платите и светски рекорд се двата отворени театри за две години, рече Димитров.
Тој повика борбата да се води на институционален план.
– Се ќе помине, ќе издржиме. Македонскиот народ е истраен и таков ќе биде како многупати во историјата. Треба да бидеме жестоки, но принципиелни и чисти во срцата – рече Димтиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Разрешени директорите на Театар за деца и младинци, Братислав Димитров и Театар Комедија, Јелена Жугиќ
-
Димитров: Актуелната власт вложи во културата повеќе од сите претходни влади заедно
-
Димитров: Да не упаднеме во подготвено сценарио според кое треба да има судир меѓу Македонците (Видео)
-
Димитров: Сега јуришаат на МРТ, а кога ги уништуваа народните оркестри никој не мрдна со прст