| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров до опозицијата: Не живееме во еднопартиски систем

bato dimitrov

Ќе ги загубите изборите, не живееме во еднопартиски систем и вербалниот деликт е одамна системски укинат, порача драматургот Братислав Димитров на денешната трибина на Граѓанското движење на одбрана на Македонија која се одржа во Крива Паланка.

– Упатуваме порака до светот дека ние сме питом народ. Древна цивлизација и народ кои домаќински гледа на настаните. Наша основна идеја е да се активира свеста дека нашите предци умееле да се изборат за себе и дека народот е силата која дава ветер во едрата на власта, а таква власт ја води нашата држава и истата е избрана на најдемократски начин – рече Димитров.

Првпат во историјата во театрите се зголемени платите и светски рекорд се двата отворени театри за две години, рече Димитров.

Тој повика борбата да се води на институционален план.

– Се ќе помине, ќе издржиме. Македонскиот народ е истраен и таков ќе биде како многупати во историјата. Треба да бидеме жестоки,  но принципиелни и чисти во срцата –  рече Димтиров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top