| четврток, 6 декември 2018 |

Разрешени директорите на Театар за деца и младинци, Братислав Димитров и Театар Комедија, Јелена Жугиќ

Од Министерството за култура денеска соопштија дека е донесено решение за разрешување на директорите во НУ Театар за деца и младинци – Скопје, Братислав Димитров, како и на  НУ Театар Комедија – Скопје, Јелена Жугиќ.

Како вршителка на должноста директор во Театарот за деца и младинци – Скопје е именувана Катарина Илиевска – Силјановска, додека за вршителка на должноста директор во Театар Комедија – Скопје е именувана Мирјана Поповска – Ристов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top