Драматургот Братислав Димитров го осуди јуришањето на МРТ од оние, како што самиот рече, луѓе кои себе си се нарекуваат борци за слобода и демократија.
-Се помалку добивам желба да коментирам, затоа што настаните и ликовите во опозицијата се толку вулгарни и прости што самите се коментираат. Видовте вчера како тие борци за слобода и демократија јуришаа на Македонската радио телевизија под образложение дека се борат против информативниот мрак, според мене самото нивно појавување претставува мрак. А, јас да сум некој фактор што одлучува би им ги дал сите можни медиуми, бидејќи со нивните настапи многу повеќе работат за актуелната власт, отколку сите ние подржувачи, вели Димитров кој притоа додаде.
-Во времето кога тие имаа власт и кога нивната партиска директорка почна немилосрдно и почна хитно да ги расформира сите народни оркестри кои го негуваа фолклорот кој е најголем чувар и бедем на нашиот идентитет, никој не мрдна со малиот прст, вели Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.