Идните мајки и татковци веќе по петтиот месец од бременоста можат да бидат сигурни и на време се подготват околу многу работи како името, бојата на собата, облеката. Сепак некогаш додека медицината не била толку напредна полот на детето до самото породување не можел да се одреди.
Машко
– Жената ниско го носи бебето во стомакот и ако тој стои нанапред како „како краставица“.
– Кај идните мајки повеќе се истакнува десниот колк.
– Брадавиците на идната мајка се светли.
– Бремените жени почнуваат да чекорат со десна нога.
– Во текот на бременоста мајката видно се разубави.
– На идната мајка повеќе и се јаде мрсна и кисела храна.
– На стомакот на мајката се појавиле влакна.
– На бремената жена цело време и е топло и и недостига воздух.
Женско
– Доколку стомакот на жената е широк, и и се гледа и од грбот.
– Кај идните мајки повеќе се истакнува левиот колк.
– Ако брадавиците на мајката се темни.
– Бремените жени почнуваат да чекорат со левата нога.
-Доколку во текот на бременоста жената огрди и има дамки.
– Ако во текот на бременоста идните мајки имаат утринска мачнина.
– На идните мајки им се јаде благо.
– Кожата е потемна како после сончање (иако се зимски месеци).
– Ако на бремената жена цело време и е студени, а бременоста е на почеток.
Покрај овие знаци во текот на бременоста имало и многу верувања за откривање на полот на детето и пред неговото зачнување. Едно од тие верувања е и одредување на полот на детето според прстенот. Жената држи прстен приврзан за долг конец над левата дланка, доколу прстенот се движи лево-десно ќе биде момче, а доколку се врти во круг ќе биде девојче.
Во некои словенски земји обичај е по свадбата родителите да сокријат лажица и секира, кои младенците потоа ги бараат. Ако наутро младенците ја најдат секирата ќе имаат момче, а ако ја најдат лажицата ќе имаат девојче.
Дека вакви верувања не постојат само на нашето поднебја, зборува и јапонската народна мудрост, која за одредување на полот користи бројки. Годините на мајката да се поделат со три, а годините на таткото со четири. Ако поголемиот остаток биде кај таткото ќе добијат момче, а доколку е поголем остатокот е кај мајката ќе добијат девојче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Верувања за Митровден: Ако синоќа не сте спиеле дома, цела година ќе…