| четврток, 6 декември 2018 |

Дибала почна да добива понуди од сонишатата?

Играчот на Палермо Пауло Дибала е еден од фудбалерите околу кого веќе се крева прашина за престојниот летен преоден рок. Аргентинецот игра фантастична година за клубот од Сицилија и се поизвесно дека тој ќе го напушти Палермо на крајот од оваа сезона.
Вчерашниот натпревар против Џенова го следеше и аргентинскиот селектор Тата Мартино и секако тој ќе добие повик за да заигра во репрезентацијата.
Јувентус е најзагреан за Дибала и како наведуваат италијанските медиуми играчот веќе ги договорил личните услови со клиубот од Торино. Сепак претседателот на Палермо, Зампарини ја одбил понудата од „старата дама“ во висина од 35 милиони евра, бидејќи тој добил понуда од Челси за пет милиони евра повеќе, а се спомнува дека ПСЖ е подготвен да плати 45 милиони.
Еден од неговите двајца менаџери, Густаво Маскаради изјавува дека Дибала ќе биде продаден ова лето за неверојатни 50 милиони евра.

– Мислам дека Дибала ова лето ќе биде продаден за 50 милиони евра. Не му се брза и мирно ќе го дочека расплетот – изјави Маскаради.

Ако ова е вистина тогаш Аргентинецот ќе ја напушти Италија бидејќи ниту еден клуб од „чизмата“ не е способен да плати толкаво обештетување.
Покрај Јувентус и Интер е заинтересиран за Дибала, но директорот на „нероаѕурите“ Пјеро Аусилио призна дека нема да може да се бори со богатите англиски клубови како и со ПСЖ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top