Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ со денешната победа над „кралот“ на земјените терени Шпанцеот Рафаел Надал во рамките од полуфиналето на мастерс-турнирот во Монте Карло најави дека полека но сигурно станува фаворит и на оваа тениска подлога.
Ѓоковиќ рутиснки славеше победа иако стартот на мечот не го покажуваше тоа. Надал освои брејк на сервис на Србиноит уште во првито гем, но тоа беше се што Надал успеа да стори на овој меч, Ѓоковиќ експресно израмни на 2-2, а потоа и го доби сетот со 6-3. Во вториот сет се играше израмнето се до 3-3, кога Новак направи два брејка во низа и стигна до заслужена победа на овој меч.
Противник на Ѓоковиќ во утрешното финале ќе биде Чехот Томаш Бердих кој во првата полуфинална пресметка на денешната програма го совлада Монфис со 6-1, 6-4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


