| четврток, 6 декември 2018 |

Башевски: Агенцијата за филм бара да се спроведат законските процедури

Agencija za film 1 (Custom)

Вршителот на должност директор на Агенцијата за филм, Дарко Башески, во отворено писмо ­како одговор до режисерот Дарко Митревски вели дека жали за неговата одлука за повлекување на филмскиот проект „Аферата Мис Стон“, нагласувајќи дека како проект од национален интерес секогаш имал поддршка од Агенцијата за филм, а дека тој лично како нејзин раководител кон него нема негативен став.

– Мојата одговорност и должност во согласност со законската регулатива е да се грижам за материјално-­финансиското работење и за законитоста и економично работење на институцијата. Агенцијата за филм бара само да се спроведат законските процедури. Не гледам која е целта на ова отворено писмо освен да се направи медиумски притисок со вам познати цели. Со Законот за филмската дејност се направени чекори за уште поголем развој на филмската дејност, во кој е точно дека има пропишано увид во наменско и законско трошење на средствата, контрола и извештаи кои ги има во сите земји – одговара Башески на денешното писмо на Митревски.

Меѓу другото, в.д. директорот на Агенцијата за филм посочува дека за една копродукција за да биде правно официјална, потребно е да има договор за копродукција. ­За една земја да биде копродуцент, потребно е да вложи минимум 10 проценти од вкупниот буџет на филмскиот проект, кое се докажува во согласност со соодветно доставената документација, во согласност со правните и сметководствените регулативи во нашата земја – стои во отворениот писмо ­на Башески до Митревски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top