Првиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ лесно и неочекувано, буквално, го збриша актуелниот освојувач на Отвореното првенство на САД, Марин Чилиќ, во четврт-финалето на мастерс-турнирот во Монте Карло.
Ѓоковиќ со максимални 2-0 му препушти само три гема на противникот (6-0, 6-3).
Публиката во Монте Карло со овации го поздрави првиот освоен гем на Чилиќ дури во деветтиот гем, третиот во вториот сет. Сепак, тоа не му помогна многу бидејќи беше аутсајдер во дуелот со Ѓоковиќ.
Ноле во полуфиналето ќе игра со подобриот од шпанскиот дуел, Рафаел Надал и Давид Ферер, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Томаш Бердих и Гаел Монфис.
Чехот го доби мечот со Раониќ откако Канаѓанецот предаде при резултат 5-2 во гемови за Бердих, а Монфилс неочекувано лесно го совлада Григор Димитров со 6-1, 6-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.