Изложбата „Македонските национални носии на разгледниците 1890-1950 – македонскиот фолклор и идентитетот“ ќе биде отворена днеска во галеријата „Етно арт“ во Загреб.
Станува збор за колекција од 170 репрезентативни примероци на разгледници од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ кои датират од крајот на 19-ти век до средината на 20-ти век.
Изложбата која е во организација на Музејот на македонската борба и Хрватско-македонското друштво ќе ја отвори Јосип Форијан.
Овој настан е дел од тридневната манифестација на претставување на македонската култура и гастрономија во Загреб под насловот „Три дена сонце“.
Покровители на настаните се Министерството за надворешни работи на Република Хрватска и Советот на македонското национално малцинство во Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.