Гените кријат тајна за зачувување на нашето здравје, а неодамна е откриено и дека можат да помогнат во намалување на килограмите.
Со развојот на генетиката откриено е дека гените носат многу корисни информации за животот на човекот, објавува српски „Блиц“. Со анализа на нашата ДНК можно е да се откријат веќе постоечки болести, предиспозиции за развој на некои болести, а новите истражување потврдија дека нашиот генетски код одредува и која исхрана ни одговара, како и на кој начин треба да вежбаме, пишува Блиц.
На ова се темели т.н. ДНК диета, т.е. нутригенетика. Современата нутриционистичка генетика дава одговор на прашањето како нашиот генотип влијае на интеракцијата меѓу исхраната, телесната активност и здравјето. Се работи за целосно персонализиран пристап кој е единствен за секој човек бидејќи се темели на генотипот.
– Идентификуван е низ на гени кои се доведуваат во врска со телесната тежина, со индексот на телесната маса ИТМ, уделот на масното ткиво во организмот, како и моторичките и функционалните способности. Губењето на тежината кое се темели на анализа на гените дава 2 до 3 пати подобри резултати од слабеењето со традиционалните диети – вели дипл. молекуларен биолог и физиолог специјалист по генетика Ивана Бузаџиќ.
Еднаш утврдениот начин на исхрана, т.е. кој тим на намирници повеќе ни одговараат важи за секогаш, бидејќи гените не можеме да ги промениме, но затоа го менуваме стилот на животот. Општа препорака за здраво слабеење вклучува аеробни тренинзи кои помагаат во губење на мастите, а со тоа и во губење на тежината. Меѓутоа, што ако имаме гени за кои студиите покажале дека зголемената физичка активност не помага да се намали тежината?
– Со ДНК анализа добиваме одговор на прашањето кој вид на физичка активност најдобро одговара на нашиот генетски код и помага за ефикасна и здрава исхрана. Изборот на соодветен вид на вежбање е важен не само за зголемување на ефикасноста на нашиот физички потенцијал, туку и за потребата за одржување на виталноста и здраво губење на килограми и со самото тоа спречување на појава на одредени болести. Целта е врз основ на лабораториски резултати да се конултира нутриционист кој врз основ на тоа дава соодветен режим на исхрана. На крај оди физичката активност, корегирана во согласност со претходно направените анализи – советува специјалистот по генетика.
Како се врши ДНК тестирање?
ДНК тест се прави еднаш. Се подразбира изолација на ДНК од крвта или бриз од слузницата на усната шуплина.
Со овој тест се анализира:
– шест најчести варијанти на гени поврзани со зголемениот индекс на телесната маса ИТП, дебелината и зголемениот удел на масно ткиво (т.н. јаболков тип на дебелина кој е ризичен за развој на кардиоваскуларни болести).
– две најчести варијанти на гени поврзани со интолеранција на лактозата која често е причина за проблеми со варењето.
– секретор статусот поврзан со метаболизмот на јаглени хидрати
– варијанти на гени поврзани со: метаболизмот на фолатите кои се важни за функционирање на нервниот, крвниот и имунолошкиот систем; варијанти на гени поврзани со аеробната издржливост, јачината и силата на мускулите и варијанти на гени поврзани со намалувањето на количината на масното ткиво при зголемена аеробна активност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.