| четврток, 6 декември 2018 |

Со името нема политика (политикантство)

Де­ка по­ли­ти­ка­та е при­пад­нич­ка на нај­ста­ра­та про­фе­си­ја зна­е­ме мно­гу одам­на, а де­ка го­лем дел од по­ли­ти­ча­ри­те че­сто се лаж­гов­ци и ма­ни­пу­ла­то­ри мо­жев­ме да се уве­ри­ме пред и по си­те из­бо­ри на кои до­се­га сме би­ле све­до­ци. Пра­ктич­но, си­те искус­тва до­би­е­ни уште од не­за­вис­но­ста на др­жа­ва­та упа­ту­ва­ат на тоа де­ка сме ги ви­де­ле си­те мож­ни ва­ри­јан­ти во кои по­ли­ти­ча­ри­те са­ка­ат да до­би­јат по­е­ни на сме­тка на сво­и­те по­ли­тич­ки про­тив­ни­ци. Се­пак, ка­ко го­ле­мо из­не­на­ду­ва­ње дој­доа пос­лед­ни­те нај­а­ви на Зо­ран За­ев на­со­че­ни про­тив пре­ми­е­рот Гру­ев­ски во кои тој се об­ви­ну­ва за че­ко­ри пре­зе­ме­ни во обид да се до­го­во­ри ре­ше­ние на спо­рот со Гр­ци­ја

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Отка­ко ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, и не­го­ва­та пар­ти­ја со го­ди­ни беа об­ви­ну­ва­ни де­ка не са­ка­ат ре­ше­ние на спо­рот за име­то и де­ка ги ури­ва­ат пре­го­во­ри­те, се­га сме све­до­ци на ни­за твр­де­ња де­ка Гру­ев­ски, всуш­ност, го про­дал име­то. Ве­ќе не ва­жат ста­во­ви­те де­ка Гру­ев­ски тре­ба да би­де фле­кси­би­лен, де­ка тре­ба да по­пу­шти за да се отво­рат евро­ин­те­гра­ци­ски­те те­ко­ви, де­ка ду­ри и до­да­вка на име­то е при­фат­ли­ва за­тоа што тоа би би­ло ма­ла жр­тва во за­ме­на за влез во НА­ТО и во ЕУ. Одед­наш проб­лем е што, спо­ред За­ев, Гру­ев­ски пре­го­ва­рал и до­го­ва­рал ре­ше­ние кое по­доц­на би го ста­вил на ре­фе­рен­дум.

Об­ви­ну­ва­ња­та на опо­зи­ци­ја­та не се важ­ни од ас­пект на ле­ги­тим­ни­те и не­за­кон­ски ма­те­ри­ја­ли и бор­ба­та на опо­зи­ци­ја­та да ја ур­не вла­ста за да вле­зе на Илин­ден­ска, ту­ку од ас­пект на ид­ни­те со­би­ти­ја во зем­ја­ва. Ако до­се­га имав­ме две по­ли­тич­ки оп­ции – СДСМ, ко­ја за шест ме­се­ци на власт би на­пра­ви­ла со­од­ве­тен ком­про­мис за име­то и би поч­на­ла пре­го­во­ри за влез во НА­ТО и во ЕУ, и не­по­пуст­ли­ва­та ВМРО-ДПМНЕ, ко­ја не­ма ни под раз­но да при­фа­ти име кое ќе пре­диз­ви­ка про­ме­ни во та­ка­на­ре­че­ни­от иден­ти­тет­ски па­кет по­вр­зан со име­то, се­га ве­ќе со­стој­ба­та е це­лос­но но­ва.

Со об­ви­ну­ва­ња­та про­тив на­вод­ни­те пре­го­во­ри и до­го­во­ри на Гру­ев­ски за на­о­ѓа­ње ре­ше­ние со Гр­ци­ја, за кое на го­ле­мо збо­ру­ва­ат За­ев и опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми, из­ле­гу­ва де­ка СДСМ не е за ком­про­мис, ту­ку за твр­да по­зи­ци­ја по ова пра­ша­ње. Ло­гич­но е ако за тоа го об­ви­ну­ва­те сво­јот по­ли­тич­ки не­при­ја­тел, исто­то да не е дел од ва­ша­та по­ли­тич­ка аген­да.

Но, да­ли е баш та­ка. СДСМ со го­ди­ни из­бег­ну­ва да го­во­ри на таа те­ма и са­мо дек­ла­ра­тив­но ве­ли де­ка ќе го при­фа­ти се­кое ре­ше­ние што ќе го до­го­во­ри Гру­ев­ски, а кое не­ма да за­ди­ра во иден­ти­те­тот. Оп­шти­от впе­ча­ток е де­ка СДСМ има по­по­пуст­лив став од вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја за овој проб­лем.

Ако се су­ди спо­ред из­ја­ва­та на За­ев за „ви­тка­ње на кич­ма­та“, ко­ја, ду­ри и да е из­ва­де­на од кон­текст, ни­ко­гаш не би­ла со­од­вет­но ела­бо­ри­ра­на и до­об­јас­не­та од не­го, из­бор­ни­те ве­ту­ва­ња на Ше­ке­рин­ска во 2008 го­ди­на ко­га ве­ту­ва­ше де­ка за шест ме­се­ци ќе се ре­ши спо­рот и Ма­ке­до­ни­ја ќе вле­зе во НА­ТО и спо­ред по­зи­ци­и­те на ли­де­рот на НСДП, Ти­то Пе­тков­ски, за до­да­вка на име­то ка­ко мож­но ре­ше­ние, СДСМ, за раз­ли­ка од ВМРО-ДПМНЕ, се­ко­гаш кај до­маш­на­та јав­ност, но и кај стран­ци­те, бил до­жи­ву­ван ка­ко фле­кси­би­лен фа­ктор кој мо­же да оди по­да­ле­ку од твр­ди­те по­зи­ции кои јав­но ги за­ста­пу­ва­ат Гру­ев­ски и не­го­ва­та пар­ти­ја.

Од тоа што зна­чи днев­на по­ли­тич­ка прес­ме­тка од пос­лед­ни­те нај­а­ви и об­ви­ну­ва­ња на За­ев про­тив Гру­ев­ски по­вр­за­ни со пре­го­во­ри­те за име­то, мо­же да се зак­лу­чи де­ка ко­га еден ден СДСМ ќе дој­де на власт не­ма да пре­го­ва­ра со Гр­ци­ја во спо­рот за име­то. Ако ве­ќе го об­ви­ну­ва­ат Гру­ев­ски де­ка пре­го­ва­рал и пра­вел ком­про­ми­си, то­гаш ло­гич­но е де­ка тие не­ма да го пра­ват исто­то, од­нос­но тоа што го сме­та­ат за не­га­тив­на по­ја­ва. Или, пак, во овој слу­чај, ќе се вра­ти­ме на по­че­то­кот на овој текст за да се по­тсе­ти­ме де­ка, се­пак, по­ли­ти­ка­та е нај­ста­ри­от за­на­ет на све­тот и она што де­нес е сла­бост на про­тив­ни­кот, мо­же да би­де пред­ност за тој што де­нес об­ви­ну­ва.

 

Со име­то не­ма по­ли­ти­ка

Спе­ци­фич­на­та по­зи­ци­ја што ја има спо­рот за име­то во ма­ке­дон­ска­та вна­треш­на и над­во­реш­на по­ли­тич­ка аген­да мо­ра да би­де по­чи­ту­ва­на од си­те ма­ке­дон­ски по­ли­тич­ки фа­кто­ри. Ако не мо­же­ме да ги ко­пи­ра­ме грч­ки­те по­ли­тич­ки ли­де­ри, кои во те­кот на го­ди­ни­те искри­ста­ли­зи­раа ед­на за­ед­нич­ка по­зи­ци­ја од ко­ја ни­кој не от­ста­пу­ва освен ако про­ме­на­та не е уште по­ра­ди­кал­на по­зи­ци­ја со ко­ја се ос­по­ру­ва и упо­тре­ба­та на збо­рот Ма­ке­до­ни­ја во ре­ше­ни­е­то, то­гаш ба­рем мо­же­ме да се оби­де­ме да не му пре­диз­ви­ку­ва­ме ште­та на тој што еден ден ќе мо­ра да го за­тво­ри проб­ле­мот. Во овие де­вет го­ди­ни се ви­де де­ка Гру­ев­ски и не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци не се тие што го за­тво­ри­ја пра­ша­ње­то и за­тоа е уште по­ло­гич­но За­ев со на­мет­ну­ва­ње на овој проб­лем да не соз­да­ва проб­ле­ми и за Ма­ке­до­ни­ја и за се­бе, но и за не­го­ви­от нас­лед­ник кој ќе тре­ба да се за­ни­ма­ва со ова пра­ша­ње ако до­то­гаш не би­де ре­ше­но. За­тоа е не­раз­бир­ли­во што, по­крај сто­ти­ци­те ил­ја­ди стра­ни­ци прис­лу­шу­ва­ни ма­те­ри­ја­ли во кои има соч­ни те­ми од об­ла­ста на ко­руп­ци­ја­та, судс­тво­то, ме­ди­у­ми­те, из­бо­ри­те, опо­зи­ци­ја­та ин­си­сти­ра на пре­го­во­ри­те за име­то.

Да се об­ви­ну­ва Гру­ев­ски де­ка пре­го­ва­рал и се оби­дел да на­пра­ви ком­про­мис е исто ка­ко да му ве­ли­те на ВМРО-ДПМНЕ де­ка тре­ба да го пре­ки­не про­це­сот на пре­го­во­ри во ОН и да нај­а­ви­те де­ка ко­га ќе дој­де­те на власт, ни­ко­гаш не­ма да се оби­де­те да нај­де­те за­ед­нич­ки ја­зик со јуж­ни­от со­сед. Всуш­ност, об­ви­ну­ва­ња­та на дел од ме­ди­у­ми­те бли­ски до СДСМ де­ка Гру­ев­ски е пре­дав­ник за­тоа што пре­го­ва­рал за евен­ту­ал­но ре­ше­ние, а во тие пре­го­во­ри би­ле во игра и ва­ри­јан­ти кои не се по вол­ја на го­лем дел од гра­ѓа­ни­те, се од­лич­но али­би за пре­ми­е­рот да ги пре­ки­не си­те на­по­ри за над­ми­ну­ва­ње на спо­рот со Гр­ци­ја. Ло­гич­но е ако нај­го­ле­ма­та по­ли­тич­ка пар­ти­ја и це­ла­та опо­зи­ци­ја сме­та­ат де­ка пре­го­во­ри за име­то во кои се отво­ра­ат раз­ни ва­ри­јан­ти се по­тег на пре­дав­ство, да го вра­ти­те про­це­сот на ни­во­то кое го имав­ме пред 2006 го­ди­на. А, и то­гаш и го­ди­ни­те прет­ход­но зна­ев­ме ка­ко се од­ви­ваа пре­го­во­ри­те, со пи­е­ње ка­фе или чај во кан­це­ла­ри­ја­та на Ни­миц и на не­го­ви­те прет­ход­ни­ци.

 

kolumna136-2

Мол­чи и Ни­ко­ла Ди­ми­тров

За раз­ли­ка од За­ев, кој нај­а­ву­ва бом­би за пре­го­во­ри­те за име­то, за­се­га мол­чи еден од ди­рект­ни­те учес­ни­ци во пре­го­во­ри­те за име­то по, мо­же­би, нај­важ­ни­от пер­и­од за пре­го­во­ри­те од нив­ни­от по­че­ток. Екс­пре­го­ва­ра­чот и ексам­ба­са­дор Ни­ко­ла Ди­ми­тров, кој е дел од та­ка­на­ре­че­на­та мо­дер­на ам­стер­дам­ска вмров­ска трој­ка ко­ја има цел да го за­ме­ни акту­ел­но­то ра­ко­водс­тво на ВМРО–ДПМНЕ, мол­чи за пре­го­во­ри­те за име­то. Тој во се­кој мо­мент од не­го­ва­та по­ли­тич­ка аген­да да се на­мет­не ка­ко по­ли­ти­чар, а не ка­ко про­фе­си­о­на­лен дип­ло­мат, из­бег­ну­ва да ги ко­ри­сти ин­фор­ма­ци­и­те што ги има ка­ко по­ра­не­шен пре­го­ва­рач. За раз­ли­ка од За­ев, Ди­ми­тров ба­рем за­се­га по­ка­жа ви­со­ка свест и не откри ни­ту еден од ве­ро­јат­но де­се­ти­ци­те „соч­ни мо­мен­ти“ од пре­го­во­ри­те со кои, ве­ро­јат­но, мо­же да му на­ште­ти на Гру­ев­ски. А, Ди­ми­тров, за раз­ли­ка од За­ев, има из­вор­ни ин­фор­ма­ции кои до­бро спа­ку­ва­ни мо­жат да пре­диз­ви­ка­ат го­ле­ми тур­бу­лен­ции и кои, по­крај кра­тко­роч­ни­от ме­ди­ум­ски ин­те­рес кај јав­но­ста, мо­жат да до­ве­дат до да­ле­ко­сеж­ни пос­ле­ди­ци по ма­ке­дон­ска­та пре­го­ва­рач­ка по­зи­ци­ја во раз­го­во­ри­те со Гр­ци­ја. На при­мер, об­ја­ву­ва­ње­то на са­мо еден раз­го­вор во кој др­жав­ни­от врв раз­го­ва­ра за мо­жен ком­про­мис и при­фа­ќа­ње ка­кви би­ло грч­ки по­зи­ции ќе зна­чи це­лос­но нов кон­текст во кој ќе се во­дат пре­го­во­ри­те во ид­ни­на. Ни­ту еден грч­ки пре­ми­ер не­ма да са­ка да пре­го­ва­ра спо­ред ста­ри­те прин­ци­пи ако доз­нае до ка­де оди ма­кси­му­мот или ми­ни­му­мот ма­ке­дон­ски по­зи­ции во пре­го­во­ри­те. За тоа мо­ра да би­дат свес­ни си­те што се за­ка­ну­ва­ат со раз­го­во­ри по­вр­за­ни со име­то.

Мо­же­ме ли да су­ди­ме за пре­го­во­ри­те за име­то?

Ка­кви дип­ло­мат­ски игри би­ле игра­ни во те­кот на пре­го­во­ри­те и пред ме­ѓу­на­род­ни­те парт­не­ри, пред кои е раз­бир­ли­во де­ка се­ко­ја од стра­ни­те пра­ве­ла сѐ што е во неј­зи­на моќ за да се при­ка­же во по­зи­тив­но и кон­стру­ктив­но свет­ло, ве­ро­јат­но ни­ко­гаш не­ма да доз­на­е­ме, освен ако за тоа не про­го­во­рат пре­го­ва­ра­чи­те за име­то што сѐ уште се жи­ви, Ни­ко­ла Ди­ми­тров, Зо­ран Јо­лев­ски и еден ден акту­ел­ни­от ам­ба­са­дор во САД и пре­го­ва­рач Ва­ско На­у­мов­ски. За та­му из­ло­же­ни­те по­зи­ции не­ма да мо­же­ме да су­ди­ме ни­ту се­га, а ни­ту, нај­ве­ро­јат­но, ко­га тие ќе би­дат об­ја­ве­ни во јав­но­ста, освен ако во ме­ѓу­вре­ме ре­зул­та­тот од нив не ста­не дел од нај­а­ве­ни­от ре­фе­рен­дум за име­то. А, то­гаш си­те ние ка­ко гла­са­чи ќе мо­же­ме да го да­де­ме сво­јот суд за пре­го­во­ри­те што ги во­де­ла оваа или ќе ги во­ди не­ко­ја ид­на вла­да. Освен ако не­ма­ло не­ка­ква тр­го­ви­ја за име­то ко­ја из­ле­гу­ва над­вор од тра­ди­ци­о­нал­ни­те од­но­си во кои зем­ји­те за сво­и­те от­стап­ки до­би­ва­ат кон­це­сии од дру­га­та стра­на, За­ев не мо­же да се на­де­ва на осво­ју­ва­ње по­е­ни кај јав­но­ста. Осо­бе­но за­тоа што и нај­твр­до­кор­ни­те на­ци­о­на­ли­сти, за кои „ед­но име има­ме“ не е са­мо пре­крас­на пес­на ту­ку и на­чин на жи­вот, се свес­ни де­ка еден ден, мо­же­би, ќе мо­ра да се сед­не и да се на­пра­ви раз­у­мен ком­про­мис.

 

(Текст објавен во 136. број на неделникот Република, 10.04.2015)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top