По 20 години како манекенка и модел, со една од најуспешните интернационални кариери досега забележани во модната индустрија, бразилската убавица Жизел Бундхен вчера за последен пат се прошета по модната писта.
Во рамки на Модната недела во Сао Пауло, таа се појави на ревијата на модната марка „колчи“ и на 34 години се збогува со својата кариера во родниот Бразил.
Триесет и четиригодишната Бундхен неодамна го најави пензионирањето, со изговор дека сега е вистинското време целосно да му се посвети на семејството, но и да почне да се занимава со некоја друга професија во модната индустрија. Најплатениот супермодел изминатите 10 години посочи дека следното што го планира е да издаде книга и да го сними документарецот за нејзиниот живот.
Според „Форбс“, Жизел Бундхен денеска вреди повеќе од 386 милиони долари, а е 89. најмоќна жена во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата
-
Во Германија ако имате помала пензија од 836 евра ќе примате социјална помош
-
Државна пензија за сите граѓани на Македонија: Еве колку ќе изнесува и како ќе функционира