| четврток, 6 декември 2018 |

Жизел за последен пат прошета по модната писта (ФОТО)

Colcci - Runway - Sao Paulo Fashion Week Summer 2016

По 20 години како манекенка и модел, со една од најуспешните интернационални кариери досега забележани во модната индустрија, бразилската убавица Жизел Бундхен вчера за последен пат се прошета по модната писта.

Colcci - Runway - Sao Paulo Fashion Week Summer 2016

Во рамки на Модната недела во Сао Пауло, таа се појави на ревијата на модната марка „колчи“ и на 34 години се збогува со својата кариера во родниот Бразил.

279CAF2C00000578-3041048-Grateful_The_blonde_beauty_acknowledged_the_audience_at_the_end_-a-102_1429149432168

Триесет и четиригодишната Бундхен неодамна го најави пензионирањето, со изговор дека сега е вистинското време целосно да му се посвети на семејството, но и да почне да се занимава со некоја друга професија во модната индустрија. Најплатениот супермодел изминатите 10 години посочи дека следното што го планира е да издаде книга и да го сними документарецот за нејзиниот живот.

Colcci - Runway - Sao Paulo Fashion Week Summer 2016

Според „Форбс“, Жизел Бундхен денеска вреди повеќе од 386 милиони долари, а е 89. најмоќна жена во светот. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top