И покрај сите политички случувања кои во последно време на еден начин ја дестабилизираат Македонија, сепак државата е во сигурни раце и иднината на државата е просперитетна, изјави денес вицепремиерот Владимир Пешевски во дневникот на „Канал 5“, пред почетокот на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе.
– Прво што сакаме да упатиме порака до граѓаните е дека не треба да бидат ни најмалку загрижени за стабилноста и иднината на државата. Сакаме и да ги потсетиме граѓаните на се она што е направено во изминатиов период, бидејќи тоа е она што е вистината за Македонија – изјави Пешевски.
Според Пешевски вистината за Македонија не се базира врз основа на монтирани снимки и разговори што се стекнати на нелегален начин, туку вистината е она што реално се случува на терен, а тоа се реални проекти.
– Навистина во изминатите 9 години ВМРО-ДПМНЕ има направено многу за Македонија, се разбира треба да се направи уште повеќе за тоа имаме направено и конкретен план и нашата намера е сето тоа да го реализираме – рече Пешевски.
Целта на оваа трибина, додаде Пешевски, е да се потсетат граѓаните и за најновите мерки кои ги спроведува Владата.
– За разлика од 20-те „бомби“ кои опозицијата на еден начин ги детонираше во изминативе два месеци, ВМРО-ДПМНЕ најави 60 нови мерки со кои што илјадници граѓани ќе бидат на позитивен начин опфатени и тоа е она за што сакаме да проговориме. Едноставно, сигурни сме во иднината на државата, знаеме што правиме и граѓаните не трба да бидат ни најмалку загрижени – додаде вицепремиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)