| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски: Вистината за Македонија не се базира врз монтирани снимки, туку врз реалните проекти (ВИДЕО)

vladimir-pesevski

И покрај сите политички случувања кои во последно време на еден начин ја дестабилизираат Македонија, сепак државата е во сигурни раце и иднината на државата е просперитетна, изјави денес вицепремиерот Владимир Пешевски во дневникот на „Канал 5“, пред почетокот на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе.

Прво што сакаме да упатиме порака до граѓаните е дека не треба да бидат ни најмалку загрижени за стабилноста и иднината на државата. Сакаме и да ги потсетиме граѓаните на се она што е направено во изминатиов период, бидејќи тоа е она што е вистината за Македонија – изјави Пешевски.

Според Пешевски вистината за Македонија не се базира врз основа на монтирани снимки и разговори што се стекнати на нелегален начин, туку вистината е она што реално се случува на терен, а тоа се реални проекти.

Навистина во изминатите 9 години ВМРО-ДПМНЕ има направено многу за Македонија, се разбира треба да се направи уште повеќе за тоа имаме направено и конкретен план и нашата намера е сето тоа да го реализираме – рече Пешевски.

Целта на оваа трибина, додаде Пешевски, е да се потсетат граѓаните и за најновите мерки кои ги спроведува Владата.

За разлика од 20-те „бомби“ кои опозицијата на еден начин ги детонираше во изминативе два месеци, ВМРО-ДПМНЕ најави 60 нови мерки со кои што илјадници граѓани ќе бидат на позитивен начин опфатени и тоа е она за што сакаме да проговориме. Едноставно, сигурни сме во иднината на државата, знаеме што правиме и граѓаните не трба да бидат ни најмалку загрижени – додаде вицепремиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top