| четврток, 6 декември 2018 |

Штербик се враќа на голот на Шпанија

Селекторот на Шпанија Маноло Каденас го повика Арпад Штербик во редовите на „црвената фурија“ за квалификацискиот двомеч со Германија на 29 април во Манхајм и на 3 мај во Леон за пат на ЕП во Полска следната година.

Штербик не беше во составот на Шпанија на мундијалот во Катар, но Каденас немаше избор и повторно го убеди извонредниот голман на Вардар да игра за поранешниот светски првак.

Со Штербик за Шпанија против Германците ќе игра и вториот вардаров играч, Алекс Дујшебаев.

Macedonia vs Spain

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top