Во четврток (16-ти април) со почеток во 19,30 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, ќе биде отворена самостојна ликовна изложба на писателот Христо Петрески.
На свеченото отворање на изложбата ќе говорат: Александар Прокопиев, Олга Панкина, Ана Багриана, Стојче и Емилија Тоциновски.
Инаку, Христо Петрески веќе има излагано свои ликовни дела на самостојни изложби во Битола, Радовиш, Скопје, Ресен, Кавадарци, Демир Капија, Неготино и Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.