| четврток, 6 декември 2018 |

Монографијата „Легендата на копачката“ од Димитар Узунски претставена во Делчево

Во Делчево пре велигденските празници беше промовирана монографијата „Легендата на копачката“ од Димитар Узунски.

– Издавањето на книгата се случува во време кога орото Копачка е прогласено за културно наследство на Република Македонија од особено значење, и е впишано во листата на УНЕСКО за нематеријални културни наследства на човештвото, истакна на промоцијата м-р Ивона Татарчевска – Опетческа, етнокореолог во Управата за заштита на културно наследство при Министерството за култура.

За монографскиот труд на Димитар Узунски на промоцијата говореше и универзитетскиот професор д-р Александар Атанасовски. Тој нагласи дека покрај текстот во книгата се поместени и повеќе фотографии од личности поврзани со орото „Копачка“, хронологија на поважните настапи во земјава и странство, како и генеолошките стебла на нејзиниот најдолгогодишен ороводец Дедо Митко кој со младешка жар орото го играл цели 60 години, се’ до својата 93 годишна возраст.

– Голема благодарност на поранешните и сегашните членови на Фолклорната група „Копачка“ од Драмче, и на сите институции и поединци од Општина Делчево и од Репулика Македонија што помогнаа монографијата да го види светлото на денот, изјави Узунски, по синоќешната промоција на неговата книга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top