| четврток, 6 декември 2018 |

Краток документарен филм посветен на ликовниот уметник Ристо Соколов Сокол

unnamed (2)

В четврток, на 16 април 2015, на каналот „јутјуб“ во 18.30 часот, премиерно ќе биде емитуван краткиот документарен филм посветен на последната самостојна изложба на еден од најпознатите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол – „Ретро Арт – Нови моменти“, една од најпосетените ликовни изложби (Музеј Галерија Кавадарци). Филмот е насловен „Последниот петок“, симболично според традицијата која Ристо Соколов ја имаше, своите изложби да ги отвора во вториот петок на декември. Целосен автор на „Последниот петок“ е Тони Коцев, познат кавадаречки уметнички фотограф, еден од долгогодишните најблиски соработници на Сокол.

unnamed (1)

 

Филмот премиерно ќе се презентира на јутјуб каналот на фото студиото „Експрес“ од Кавадарци, како посвета на повеќедецениската плодна и искрена уметничка соработка на Сокол со ова студио.

Последната изложба на Сокол беше отворена на 12 декември 2014.

Роден на 16 април 1958, а почина на 14 февруари 2015. Зад себе остави извонредно ликовно творештво, кое несебично го делеше со љубителите на ликовната уметност, со неговите пријатели и соработници. Сликар, графичар, студент на генерацијата, перформер, ликовен иноватор, организатор на познати меѓународни ликовни колонии, уметник кој со последните неколку ликовни циклуси („Траги“, „Некогаш и денес“, „Ретро Арт – Нови моменти“) постави неверојатно високи ликовни стандарди, кои допрва ќе го носат вниманието кон неговото творештво како еден од најголемите во поновите генерации на врвни македонски ликовни уметници.

unnamed

Емитувањето на краткиот филм “Последниот петок“ е неофицијална најава за почеток на уметнички настан посветен на творештвото и животот на Сокол, кој веќе од наредната година (2016) ќе се случува во Кавадарци на денот на неговото раѓање (16 април), а во организација и со учество на неговите долгогодишни најблиски соработници од Македонија и други земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top