Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ќе ја промовира книгата „Се случува вечност“ од Радован Павловски, добитник на наградата „Ацо Шопов“ за 2014 на ДПМ. За најновата поетска книга на Павловски ќе зборуваат академик Милан Ѓурчинов и Бранко Цветкоски а стихови ќе интрепретира актерот Томе Витанов. Промоцијата ќе се одржи на 15 април (среда) 2015 година, во спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, со почеток во 12.00 часот.
Акедемик Радован Павловски, поет, есеист, патописец, колумнист, роден е на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија, каде неговото семејство престојувало како печалбари. Подоцна со семејство се враќа во Железна Река, поетската татковина и митското село на Радован Павловски, сместено во подрачјето меѓу Гостивар, Кичево и Поречје во Западна Македонија. Основното образование го завршил во Железна Река, средното во Гостивар и студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од 2006 година е редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Автор е на многу поетски книги кои оставиле длабоки вредносни карактеристики и обележја кои изобилуваат со убавини и уникатности во македонска поезија. Добитник е на сите позначајни книжевни награди за поезија во Република Македонија, носител е на високи поетски награди од поранешните поетски и културни југословенски простори, како и на влијателни светски признанија за животно дело, од кои се одделува Наградата за врвни достигнувања во 20 век од Меѓународниот биографски центар од Кембриџ, која е неповторлива во наредните стотина години. Радован Павловски е застапен во и во Биографиите на 2.000 исклучителни луѓе на 20 век. Преведуван е на многу светски јазици и е застапен во сите антологии на современата македонска поезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.