Американскиот претседател Барак Обама нагласи денеска во обраќање на средбата на врвот на Организацијата на американски држави во Панама дека зближувањето меѓу САД и Куба е пресвртна точка во американското пространство.
– Новата политика на САД спрема Куба е пресвтна точка за целиот регион, наведе Обама.
Тој го оквалификува како „историски настан“ фактот дека тој и претседателот на Куба присуствуваат еден до друг на средбата на врвот.
– САД нема да бидат заробеници на минатото. Ние гледаме кон иднината, наведе Обама. Додаде дека Студената војна е завршена и тој не е заинтересиран да води битки кои почнале пред да се роди.
– Меѓу САД и Куба ќе има сериозни разлики, но јас верувам дека ако продолжиме да се движиме напред односите меѓу нас ќе создадат можност за соработка во целиот регион, рече Обама.
– Го повикувам Конгресот на САД да го укине ембаргото. Ние гледаме во иднината, нагласи американскиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.