| четврток, 6 декември 2018 |

Апчињата за контрацепција ја менуваат структурата на мозокот?

milijuni-kutija-kontracepcijskih-pilula-cilest-povlace-se-prodaje-slika-148871

Хормоналната контрацепција може да смени одделни делови од мозокот и да влијае на нивната функција, покажа најновото истражување.

Стручните лица до сега веќе обрнуваа внимание на тоа дека контрацептивните апчиња може да влијаат на расположението, и на изборот на партнерот кај жените, а најновото истражување на листата на несакани ефекти додаде уште една – менување на структурата на мозокот.

За време на истражувањето во кое учестувале 90 жени, неуролозите на Универзитетот во Калифорнија дошле до заклучок дека две важни области во мозокот, биле потенки кај оние жени кои земале хормонална контрацепција.

Латералниот орбитофронтален кортекс игра голема улога во регулирање на емоциите и одговара на награди, а задниот цингуларен кортекс е поврзан со мислите и внатрешното насочување, а покажува зголемена активност кога се присетуваме на личните спомени и правите планови за иднина.

Промените во литералниот орбитофронтален кортекс може да бидат причина за зголемен степен на анксиозност и симптоми на депресија кои се јавуваат кај некои жени кога почнуваат да користат апчиња.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top