Постојат индиции дека вечерашнава детонација во кругот на Владата е иста како детонацијата која се случи пред неколку месеци, кога со проектил беше погоден владиниот објект, велат за Нетпрес извори од полициската истрага.
Неофицијално, веројатно и овој пат посакувана цел за детонацијата била Владата на Република Македонија.
Инаку, на 28 октомври, лани, објектот на Владата беше цел на напад, при што кон него беа испукани два проектила од кои еден заврши во една од зградите на објектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.